Голем модел на американски воен авион бил украден од мал холандски музеј, а неговите сопственици се надеваат дека мистериозното исчезнување на авионот е дело на некој шегобиец, а не крадец кој ќе го продаде како старо железо. Претседавајќи со музејот Влиегбазис-Делен, Едвин ван Бракел рекол дека исчезнувањето на “Локид Старфајтерот” било откриено пред неколку дена.

Ван Бракел навел дека кражбата му изгледала како невкусна шега, бидејќи крадците оставиле порака на која пишувало „Одлетав, се гледаме следната година“.