Досега веќе знаевме дека возењето под дејство на алкохол и брзината се најголемите предизвикувачи на сообраќајни несреќи, дека гласната музика во автомобилите ја намалува брзината на реакцијата од возачот, а најновите истражувања тврдат дека користењето на мобилен телефон повеќе му смета на возачот отколку најзборлестиот совозач.
Користењето на „handsfree“ уреди не го прави возењето посигурно, тврдат истражувачите. Тие подеднакво му пречат на возачот како и користењето мобилен телефон.