Мобилните телефони содржат пет пати повеќе бактерии од поклопците на тоалетните школки, покажале резултатите на едно истражување на група научници од универзитетот во Манчестер. Мобилниот телефон, според истражувачите, не се користи секогаш со чисти раце.
Поради топлината која ја емитираат, бактериите на мобилните се лепат многу побрзо отколку кај другите предмети. Тие бактерии можат да бидат многу опасни во болничките средини бидејќи можат да пренесуваат разни инфекции.