Еден британец, љубител на природа, заталкан во ненадејниот налет на магла, го наведувал спасувачкиот хелохоптер со блицот од својот мобилен телефон и така ја избегнал лошата судбина.
Малком Мареј од градот Луис во Англија, повикал помош кога со своето куче се нашол во густа магла во која не можел да го најде патот за назад.
После 14 часа изминати на непознат терен во исчекување и неизвесност, го слушнал звукот од хеликоптерот. За да му помогне на пилотот да го лоцира се послужил со блицот од неговиот телефон.
Капетанот Ричард Дејн кој го управувал хелихоптерот, после успешната акција, изјавил дека без блицот човекот и неговото куче најверојатно не ќе биле спасени.