Со цел да се намали ризикот од ширењето на корона вирусот и заштити популацијата на стари лица, како ранлива и најпогодена категорија од епидемијата на корона вирус, Центар за јавно здравје Охрид овозможува за лицата над 65 годишна возраст, лицата кои немаат неопходна друга потреба да излегуваат од своите домови, бремените жени, лица со хендикеп, а имаат потреба од користење на услугите на микробиолошката лабораторија во Центар за јавно здравје Охрид, да им биде извршена услугата/анализата без да излегуваат од своите домови и доаѓаат во јавната установа.

Секој работен ден од 8:00 до 13:00 часот, наведените категории на пациенти можат да се јават на телефоните 046 231 030, 078 488 255 или на е-маил: [email protected], каде оператори ќе ги евидентираат личните податоци и адреса на живеење на пациентот, како и податоците за видот на микробиолошката анализа која треба да се направи, согласно упатот од матичен лекар,  по што мобилна екипа на Центар за јавно здравје Охрид ќе дојде на домашна адреса на пациентот да го земе потребниот материјал за анализа.

Веднаш по завршување на анализата, наодите ќе бидат испратени на е-маил или доставени на домашна адреса на пациентот.

Од центарот апелираат за максимална сериозност во почитување на мерките и препораките за заштита од корона вирус донесени од Владата на РСМ.

OhridNews