Најголемиот дел од кражбите направени на подрачјето каде што делува Секторот за внатрешни работи – Охрид се однесуваат на мобилните телефони кои граѓаните ги оставаат необезбедени на плажите или во угостителските објекти, потврдуваат од СВР-Охрид.
Во текот на изминатите седум дена се регистрирани едно кривично дело „Тешка кражба во обид “, седум кривични дела „Оштетување“ и 17 „Кражби“. Во овој период се откриени и фатени 3 лица непосредно по извршено кривично дело „Кражба“.
Јавниот ред и мир е нарушен во 3 случаи, а се евидентирани и 6 сообраќајни незгоди во кои е предизвикана помала материјална штета.
Полициските служби, како што најавуваат од СВР -Охрид во текот на туристичката сезона работаат со засилено темпо, со цел, охриѓани и туристите да имаат поголема безбедност.
Ohridnews