Лекарите и помошниот медицински персонал во охридската општа болница утрово добиле известување да се јават на работа. Известување речиси без исклучок добиле сите лекари, медицинските сестри и другиот помошен персонал.

Директорот на биолницата Д-р Љубен Арнаудов, во телефонски разговор за ОhridNews ја потврди информацијата. – Се работи за вообичаено постапување во ваква ситуација, а се со цел да се се организираме соодветно да дејствуваме во случај тоа да биде потребно.-изјави Арнаудов.

Во Македонија официјално не е прогласена вонредна состојба по оружениот судир што се случи утрово помеѓу полицијата и терористичка група во Куманово, која според МВР имала за цел да изврши напади врз државни институции. Престрелките во кои има повредени, а неофицијално и загинати, се уште траат.

OhridNews