Гресо Луксор Лас Вегас Џекпот мобилниот телефон на руската компанија Гресо својата вредност од еден милион долари ја содржи исклучиво во неговата надворешност. Куќиштето му е изградено од 180 грама чисто злато и украсено со 45 каратни ретки црни дијаманти. Позадината е изградена до африканско дрво старо повеќе од 200 години. Тастатурата е направена од сафир, а знаците се изгравирани со ласер.
Нема никакви напредни телекомуникациски функции и со него може само да се воспостави повик, да се прими и испрати порака и да се посети по некоја интернет страница. Во продажба биле пуштени само три примероци, а за оние со поплиток џеб го нудат и Луксор Лас Вегас кој чини само 20 илјади долари.