Британскиот дизајнер Стјуарт Хјуз со дијаманти го украсил Ајфонот на „Ејпл“ и го креирал најскапиот мобилен на светот кој чини неверојатни 600 илјади евра. Бочните страни на телефонот се украсени со 500 дијаманти кои вкупно имаат повеќе од 100 карати. Со дијаманти е украсено и средното копче, за кое корисникот може сам да одлучи со кој од двата понудени дијаманти ќе биде украсено.
За истата цена добива розе дијамант од 7,4 карати и бел дијамант од 8 карати. Обата дијамант се ретки и вредат половина милион евра. Знакот на компанијата „Ејпл“ на задната страна од телефонот е направен од 53 дијаманти. Хјуз се пофалил дека еден австралиски бизнисмен нарачал изработка на два такви телефони.