Екипата на Моби Дик без посериозни проблеми пред своите гледачи го совлада тимот на Борец во 12-та рунда од Првата женска лига. За разликата во квалитет меѓу двата состави говори разликата од 17 погодоци (30-13) со која охриѓани го забележаа 11-от триумф сезонава.
– Разликата во квалитет пресуди, кој евединтно беше на нашата страна. Екипата на Борец е составена од доста млади ракометарки и пред нив престои блескава иднина. Ние покрај убедливата победа остануваме цврсто на земја и да ја остваривме нашата зацртана цел а тоа пласман во Супер лигата – рекоа од клубот.
До крајот на првенството остануваат уште шест натпревари, а само чудо може да ги спречи охриѓани од пласман во Супер лигата.
Мх.П.