Охридскиот преставник во Првата женска ракометна лига, Моби Дик ја освои титулата есенски првак. Епетитот шампионки ракометарките на Моби Дик го потврдија со убедливата победа против Прилеп од 28-17 во деветта рунда од првенството.


– Иако пред мечот беше јасно дека ќе бидиме есенски прваци дадовме збор дека ќе одиграме максимално и ќе забележиме победа. На крајот така и испадна ракометарките на Прилеп не беа рамноправен противник и сосема заслужено до врв ја наполнивме нивната мрежа – рече Моника Николовска, која постигна четири голови.

Во девет одиграни натпревари од првата полусезона „китовите“ забележаа осум победи и еден пораз со што ги потврдија амбициите за влез во елитата.

Мх.П.