Македонската ракометна репрезентација вечерва против Црна Гора повторно ќе има бројна поддршка во Дебрецин, а меѓу присутните на трибините во салата „Феникс“ е и поранешниот истакнат репрезентативец и актуелен претседател на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски.
Во разговор со македонските новинари, поранешниот ракометен репрезентативец ги изнесе своите очекувања од натпреварот против Црна Гора.
Очекувам квалитетна и добра игра, а играчите повторно да го дадат својот максумим и борбата да не изостане. Ако тоа биде така, мислам дека ќе извојуваме победа. Црна Гора е многу поразлична од Словенија. Станува збор за потежок, постатичен противник, не се движи како Словенија, која сака да игра скандинавски, брз ракомет. Ќе се судриме гради во гради, сакаат борба, а така треба да им возвратиме. Ако тоа го направиме и бидеме борбени во одбраната сметам дека Црногорците ќе потклекнат и ќе извојуваме победа, изјави Мојсоски.
OhridNews