ГРК Охрид забележа убедлива победа над Голден Арт во подготвителниот натпревар што се одигра вечерва во салата Билјанини извори во Охрид. „Гладијаторите славеа 38:23, полувреме 20:13.

Екипата предводена од Горан Андоноски мотивирано и фуриозно го започна мечот со 4:0. На противникот му требаа минути да го постигне првиот гол, по што Голден Арт за момент ја стабилизира играта. Следеше нов налет на Охрид кој играше цврсто во одбраната и разноврсно во нападот. По првиот дел домаќинот имаше осетна предност од +7 (20:13).

Во второто полувреме Охрид продолжи со силното темпо кое ракометарите на Голден Арт тешко го следеа. Разликата постојано се зголемуваше, за убедлива победа на Охрид во првиот подготвителен натпревар по враќањето од Маврово.

Најефикасни во редовите на Охрид беа Рустемоф и Озтурк со по 6 погодоци, а кај Голден Арт Дејан Ѓошески постигна 5 гола.

На средбата двајцата тренери им дадоа шанса на речиси сите играчи.

Претходно Охрид одигра два контролни натпревари со Еурофарм Пелистер 2 на Марврово, кои завршија без победник.

Охрид на 23 и 24 август ќе настапи на Меморијалниот турнир „Крсте Андоноски – Усташ“ што ќе се игра за прв пат во нашиот град. Покрај Охрид на турнирот ќе настапат и Пролет, Тиквеш и Партизан од Белград.

 

Г.М.

Видео: ГРК Охрид – Голден Арт