Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денес во посета на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” кој е член на МТТФ, со цел да ја испрати репрезентацијата на МТТФ која ќе учествува на Светското таеквон-до ИТФ првенство од утре до 26 август во Астана -Казахстан.

Мојсовски на натпреварувачите им кажа дека се гордост на Македонија и им посака успех со кој повторно ќе се гордееме, информираат од Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”.

Репрезентацијата ја сочинуваат пет лица меѓу кои Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, претседател на МТТФ (официјално лице и национален тренер) -поранешен светски вицешампион Прага-1996, Зоран Парулески, потпретседател на МТТФ (официјално лице), Христијана Парулеска црн појас I дан, пехар за најдобра кадетка на Европско првенство Језоло-2023 – Европски шампион во спаринг борби Језоло-2023 – Европски вицешампион во форми(борба со замислен противник) Језоло-2023 – Европски вицешампион во спаринг борби Пореч-2022 – Државен првак, Давид Крстески црн појас I дан, Европски вицешампион во спаринг борби Пореч-2022 – Европски брозен медал во форми (борба со замислен противник) Римини-2019 – Државен првак и Елена Јанеска црн појас I дан, Европски вицешампион во спаринг борби Пореч-2022 – Државен првак.

Претходно на охридските таеквондисти и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков им посака успешно претставување и постигнување на добри резултати.

OhridNews