Според досегашните информации на Министерство за надворешни работи во трагичната железничка несреќа, која што синоќа се случила близу градот Лариса во Грција, нема повредени или загинати македонски државјани.

МНР, велат оттаму, останува отворено за реакција на барање на наши државјани, кои поради било какви причини предизвикани од несреќата им е потребна итна асистенција и информира дека на располагање се три броја на нашите дипломатски претставништва во Грција.

Во врска со трагичната железничка несреќа, која што синоќа се случила близу градот Лариса во Грција, известуваме дека досега ниту до Министерство ниту до нашите дипломатско конзуларни претставништва не е стигната информација дека меѓу загинатите или повредените во несреќата има и државјани на Република Северна Македонија, се вели во денешното соопштение од МНР.

Оттаму додаваат дека Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во комуникација со надлежните органи во Грција, од каде се чекаат и официјални информации за состојбата околу трагичната несреќа.

Министерството останува отворено за реакција на барање на наши државјани, кои поради било какви причини предизвикани од несреќата им е потребна итна асистенција и информира дека нивните контакти се отворени 24 часа, а на располагање се три телефонски броја на нашите дипломатски претставништва во Грција: +30 6655191321 во Атина; +30 6987200410 во Солун; како и СОС телефонот на МНР во Скопје +38975273732.

OhridNews