Министерството за надворешни работи информира дека денес беше организиран лет за репатријација на македонските граѓани затекнати во Италија. И покрај поголем број на пријавени наши државјани, од нив 180 го потврдиле враќањето, од кои 152 пристигнале на аеродромот во Венеција и се качиле на денешниот лет кон Скопје.
По пристигнувањето во земјата, тие се упатени во задолжителен државен карантин во времетраење од 3 седмици, согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија, а во организација на генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство.
На летот кон Италија во координација со италијанската амбасада во земјата, беше организирана репатријација на 32 странски државјани кои беа затекнати во Скопје.
OhridNews