Седум државјани на Република Северна Македонија се наоѓаат во градот Витлеем, на Западниот Брег кој што не е погоден од актуелните случувања во Израел, според информациите на нашата амбасада во Тел Авив, соопшти Министерството за надворешни работи.

Во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел, Министерството за надворешни работи ги повикува граѓаните на Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел.

За подетални информации околу актуелните состојби од МНР посочуваат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx

На располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Израел +972-54-926-7378.

OhridNews