Министерството за надворешни работи апелира до граѓаните кои планираат да заминат за Египет, ако е можно, да го одложат своето патување.

Ваквото предупредување доаѓа по ескалацијата на настаните во Египет каде во демонстрацииите против тамошниот режим загинаа десетици луѓе, а стотици се повредени.


Немирите во Египет не стивнуваат

Македонската амбасада во Каиро информираше дека досега до неа не се обратил ниту еден македонски државјанин за помош за враќање во земјава, по протестите и немирите во Египет.

OhridNews