Препораката од македонското МНР доаѓа по настаната криза со дистрибуцијата на гориво на бензинските станици, како последица на штрајкот на транспортерите, кои ги блокираат излезите од рафинериите и складиштата со гориво.
„Ситуацијата е посебно влошена во туристичките места, каде воопшто нема гориво и веќе има случаи на странски туристи останати на отворен пат. На македонските граѓани им се препорачува редовно да ја следат состојбата во Грција, како и да го контактираат Министерството за надворешни работи и македонските дипломатски претставништва во Атина и Солун“, се вели во препораката од МНР.
Останува непознато уште колку ќе трае штрајкот на грчките транспортери. Незадоволни од разговорите во министерството за транспорт и врски одржани во среда, најавија дека продолжуваат со протестите.
извор: Makfaks