Македонските државјани што се наоѓаат во Јапонија да останат надвор од зоната од 80 километри од нуклеарната централа Фукушима 1, се вели во новата препорака издадена од Министерството за надворешни работи.

„Препорачуваме сите оние кое сè уште се наоѓаат во засегнатите подрачја, да ги напуштат во најкус можен рок. Напоменуваме дека во регионите надвор до 80 километарската зона, вклучително и во Токио здравствените ризици се ниски и нема опасност по здравјето на луѓето кои престојуваат таму. Советуваме македонските државјани во Јапонија, внимателно да ги следат информациите во врска со состојбата и да се придржуваат кон инструкциите кои ги даваат јапонските власти“, советуваат од МНР.

Истовремено, од Министерството напоменуваат дека Јапонија се наоѓа во сеизмички активна област и дека се очекуваат бројни афтершокови по силниот земјотрес од 11-ти март.

OhridNews
извор: Makfaks