Македонските граѓани да избегнуваат патување во Египет во наредниот период поради насилните протести и демонстрации што се одржуваат во земјата, препорачуваат од Министерството за надворешни работи.

Од МНР препорачуваат граѓаните кои веќе се оваа северноафриканска земја, да го почитуваат полицискиот час што трае од 15:00 до 08:00 наутро и ограничувањата воведени од египетските власти.

„Аеродромот во Каиро, иако со нарушен распоред на летовите, останува отворен. Телефонските врски сè уште се несигурни, а интернет нема воопшто. Советуваме туристичките агенции да подготват враќање на испратените од нив македонски туристи во Египет. На македонските граѓани им се препорачува редовно да ја следат состојбата во Египет, а на затекнатите таму да се подготват за напуштање на државата“, соопштуваат од МНР.

Како што јавува „Макфакс“, досега асистенција за враќање во земјава помош од македонската амбасада во Каиро побарале 34 граѓани.

OhridNews
извор: Макфакс