Откако изразија загриженост, од општинската ВМРО ДПМНЕ упатија апел до колегите советници од мнозинството да се спротистават на носењето на урбанистичкиот план за центарот.
Мнозинството, пак, не се согласува со начинот на делување на опозицијата. Се огласија членовите на Комисијата за урбанизам Виолета Мицкоска, Љупчо Настоски и Кујтим Усеини, кои на координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Пановски, му порачаа дека нема потреба од сугестии до мнозинството во Советот.
– Нема потреба Вие да се грижите за Охрид, тој е и наш град. Ние како избраници на народот секогаш работиме во интерес на граѓаните. Размислуваме со свои глави, разменуваме мислења и одлучуваме за се она што треба, што е добро, а што не e или е штетно за граѓаните, но без претходно дадени директиви. Вие со однапред утврдениот цврст став со Вашето НЕ за се што ќе се предложи им одмагате на граѓаните на Охрид. – велат од Комисијата за урбанизам.
Од Локалната самоуправа објаснуваат дека посочениот Детален урбанистички план не e донесен, туку е во фаза на изготвување, а пред воопшто да биде ставен на усвојување во Советот ќе мине низ законска процедува во рамки на која мислење покрај стручната јавност и граѓаните, дава и Министерството за транспорт и врски.