Политичките партии кои имаат свои членови во новиот општински совет и независните советници се преокупирани со креирањето мнозинство во советот.

Сепак, тие најавија дека ќе се залагаат да ги штитат интересите на граѓаните.


Борче Стефаноски – ВМРО ДПМНЕ

„Убеден сум дека  овој состав на советот ќе работи поуспешно од претходниот, од причина што имаме две поголеми политички групации и мислам дека ќе имаме добра позиција и добра опозиција “, изјави координаторот на советничката група од ВМРО-ДПМНЕ, Борис Стефаноски. Тој додаде дека се уште не е констутирано мнозинството, но најави, доколку ВМРО-ДПМНЕ биде во опозиција ќе биде конструктивна. Според Стефаноски, интензивно се преговара со сите партии и независни советници,  и сосема е извесно дека во текот на наредната седмица ќе се знае кој ќе го има мнозинството во советот.


Јоне Станкоски – ВМРО НП

И ВМРО-Народна партија води преговори со сите опции кои се застапени во општинскиот совет, потврди, координаторот на советниците од оваа партија, Јоне Станкоски.

„Нашата партија ќе направи проценка  со кого ќе може да ги оствари програмските определби  со кои излеговме на локалните избори“, изјави Станкоски. Како старо-нов советник, Станкоски рече дека минатиот состав покажал  дека работи добро, со 63 одржани седници за 4  години и изрази надеж дека ќе се повтори продуктивноста во работата на сегшните членови.


Верица Хајба – НСДП

Новото советничко мнозинство во голема мерка че зависи од НСДП која освои две советнички места.

„Советниците на НСДП ќе учествуваат во донесување на конструктивни и квалитетни одлуки од кои добробит ќе имаат граѓаните“, изјави советничката Верица Хајба. Таа ги оцени како шпекулации информациите дека имало некакви преговори во кои било договорено местото претседавач на Советот да и припадне на НСДП. „Ќе видиме понатаму што ќе биде, најбитно беше денес да се конституира советот, а за преговори сега има време“, додаде Хајба.


Бранко Трпчески – СДСМ

„Се надевам дека сегашниот состав ќе се стави во функција на потребите на општина Охрид и ќе продолжи со претходно зацртаните проекти“, кажа кооринаторот на советниците од СДСМ, Бранислав Трпчески. Трпчевски подвлече дека СДСМ е во постојани преговори и сосема е извесно дека ќе го добие мнозинството, за кое и се неопходни уште петмина членови од другите политички опции или независни советници.

А. Ристоска