Понудата на популарните охридски локали викендов е во знакот на забавата и хуманоста, но и на нови инвентивни понуди.

Овој петок, 31 јануари, со почеток во 21.30 часот, во кафе бар Аквариус, ќе се одржи хуманитарна забава со групата „Броз“,  за помош на младата Ева на која и се потребни парични средства за да го продолжи лекувањето.

Настанот е поддржан од LABINO SOUND и Terazza Aquarius. Влез: 100 денари.

Во петок, 31 јануари, со почеток во 20 часот, охридскиот Народен театар повторно ќе ја изведе претставата „Балканска 3а/2“ од Дејан Дуковски, во режија на Ана Батева. Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Елизабета Стефановска, Филип Кипровски и Никола Тодоровски.

На 31 јануари, петок, во „Куба Либре“ настапува Ѓоко Танески.

Забавата почнува во 22 часот.

Во сабота, 1 февруари, во „Скај Корнер“ настапува музичкото дуо Пикси & Ване.

Забавата почнува во 22 часот.

Викендот во „Скај Корнер“ не ја пропуштајте извонредната понуда: Темјаника од „Наумчеви“ + 2 флет бред = 990 денари.

Бистро „Корнер“, пак, ја збогати понудата со утринска доза витамини во многу различни вкусови. Изборот е само ваш.

На 1 февруари, сабота, во „Аквариус“ настапува популарниот бенд „Броз“.

Забавата почнува во 22.30 часот.

На првиот ден од февруари, сабота, во „Куба Либре“ настапува „Игуана бенд“.

Настанот почнува во 22 часот.

И оваа недела, 2 февруари во „Скај Корнер“, сладокусците ќе можат да уживаат во извонредно подготвен неделен ручек:

-Цвекло салата
-Пилешка супа
-Пастрмка со спанаќ и компир салата
-Колач со путер од кикирики

Ваше е само на време да резервирате маса за неделниот ручек во „Скај Корнер“.

Културно уметничко друштво „Бисери“, во недела на 2 февурари во Центарот за култура „Григор Прличев“ организира хуминатарен концерт за помош на лекувањето на Ева. Концертот ќе се состои од два дела. Од 12 до 13:30 часот ќе биде наметен за најмладите, а од 13:30 понатаму за повозрасните лица. На концертот ќе настапат голем број на културно уметнички ѕвезди од Охрид и регионов.

Дванаесет годишната Ева боледува од тумор на мозокот. Неопходно е во февруари да замине на радио терапија во Турција, каде беше оперирана минатата година.За културните и забавните настани и другите збиднувања во градот редовно информирајте се низ специјализираните содржини на нашиот портал.

OhridNews