Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Охрид сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Како што соопштуваат од УХМР, во текот на ноќта кон вторник и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град. Потоа во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер.

Г.М.