Многу смеа и позитивна енергија донесе популарното кабаре шоу „Two Mothers Brothers“ на извонредните актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски кое беше изведено вчеравечер на градскиот плоштад, во рамки на Новогодишната програма на Општина Охрид.

Стендап дуото беше придружувано од Никола Јосифоски на клавијатура и Јане Тодороски на контрабас.

Програмата продолжува вечерва каде пред охриѓани и гостите за дочекот на Нова година ќе настапат поп дивата Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак, охридската група Take 5, DJ Gec и DJ Face. Програмата на градскиот плоштад почнува во 19 часот.

Забавата продолжува и на 1-ви јануари на градскиот плоштад каде од 13 часот ќе настапат уникатната Сара Мејс и групата „Балканикос Бенд“.

OhridNews