Во преполната сала “Борис Tрајковски“ Македонската ракометна репрезентација убедливо со 34-26 (18-13) го совлада Исланд во првиот бараж меч за пласман на СП во Хрватска 2009.

Селекцијата на Темелковски, предводена од феноменалниот Ристевски (23 oдбрани) и најдобриот европски стрелец Кире Лазаров (10 гола) стигна до убедлива предност во пресрет на реванш мечот наредната недела во Рејкавик.

Уште една незаборавна вечер за голманот Борко Ристоски кој по завршувањето на мечот кратко изјави :
 – Посакувавме но не очекувавме вака висок триумф. Овај резултат е одраз на нашата желба конечно да го направиме тој последен чекор за учество на едно големо натпреварување. Одиме во Исланд како да е 0-0.

Не го криеше задоволството од вака високата победа и капитенот Лазаров :
Победивме една голема репрезентација. Ова е триумф на кој заслуживме да се радуваме. Денес ќе славиме, а од утре ќе размислуваме за ревншот. Имаме солидна предност и ако вака играме сложно како браќа, ќе се пласираме на СП, што ќе биде огромен успех за Македонија.

Реванш мечот се игра за седум дена во Исланд.

М. Постоловски