Гравот може значајно да го намали холестеролот и ризикот од срцеви болести, се наведува во нова студија. Освен гравот, идентично делување имаат и другите сродни намирници како леќата и грашокот. Така на пример, грашокот успешно го намалува нивото на лошиот холестерол за 5%. За да го заштитиме здравјето и да се одбраниме од срцеви болести, се што е потребно е во секојдневното мени да додадеме порција мешунки, напоменуваат екпертите во Canadian Medical Association Journal.
Меѓутоа секојдневната порција мешунки има и свој недостаток, а тоа е нуспојава во облик на надуеност и гасови, но како што напоменува водителот на истражувањето, доктор Џон Сивенпајпер, тоа со тек на време се смирува.
Мешунките се прекрасен извор на нутритивни состојки и влакна со мал удел на маснотии, а вклучувајќи ги гравот, грашокот, леќата. Мешунките полека го смалуваат лошиот холестерол, а тој ефект е посилно изразен кај мажите отколку кај жените, но причината за тоа може да биде фактот што мажите веќе на самиот почеток имаат повисоко ниво на лош холестерол.
Како што напоменува доктор Џон Сивенпајпер, освен што штитат од кардиоваскуларни болести, мешунките се и доста евтини намирници, што им е дополнителен бонус.
извор:tportal.hr