Македонската музилка младина – МММ концертот што вечерва во рамки на фестивалот „Охридско лето“ го одржа во катедралната црква Св. Софија, го посвети на долгогодишниот уметнички раководител и диригент на оркестарот, прерано починатиот Саша Николовски Ѓумар.

Со конецертот на МММ, кој беше исполнет со многу емоции, диригираше италијалснкиот диригент Џанлука Мартиненги, кој има богата интернационална музичка кариера.

Камерниот оркестар на Македонската музилка младина постои веќе 30 години. Основан е во рамки на музичкиот камп на МММ во 1986 година во Охрид. Овој ансамбл е единствен од ваков вид на просторите на Југоисточна Европа. Низ него до сега поминале повеќе од 300 млади музиари.

Фестивалот „Охридско лето“ во петок продолжува со концерт на барокниот оркестар „Армониа Атенеа“ од Грција, кој ќе се одржи во црквата Св. Софија со почеток во 20.30 часот.

OhridNews
фото: „Мега продукција“