На Ќафасан спречено нелегално пренесување девизи и техника
При личен претрес на двајца македонски државјани кои со швајцарски автомобил се пријавиле за излез од државата на граничниот премин Ќафасан биле откриени 5.400 швајцарски франци и 2.500 евра. При извршената контрола, во паричникот на возачот се пронајдени 2.800 евра и 3.800 швајцарски франци, а во паричник сместен во заден џеб од панталоните на сопатникот се пронајдени 5.200 швајцарски франци и 300 евра, за кои споствениците не поседувале доказ за потекло. На двајцата патници им биле вратени девизни средства во противвредност на 2.000 евра, износ што може слободно да се изнесе од државата.

При контрола на македонски автобус што сообраќал на релација Тирана-Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан биле откриени 5 сигурносни камери “ЦОЛОР ЦЦД ЦАМЕРА”, еден дигитален снимач ДВР Х264, 300 метри кабел и 64 приклучоци за кабли. Непријавените производи се пронајдени во патната торба на албански државјанин, патник во автобусот.