Меѓународниот монетарен фонд ѝ порача на Грција дека не може да им даде пари на земјите коишто не ги исплатиле долговите на меѓународните доверители, изјави вчера претставник на ММФ, јавува „Макфакс“.
Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, разговараше со грчкиот премиер Алесксис Ципрас за резултатите од референдумот на кој Грците во неделата ги отфрли предлозите на меѓународните доверители за продолжување на финансирањето на земјата која на 30-ти јуни технички влезе во банкрот.
„Директорката објасни дека Фондот во согласност со својата политика кон неплатените долгови на може да исплатува пари“, рекол соговорникот на Reuters.
На 30-ти јуни истече програмата на меѓународната финансиска помош, а Грција технички банкротираше, бидејќи не можеше да ги исплати ратите во вредност од 1,6 милијарди евра од долгот кон ММФ.
Со тоа Грција стана првата развиена земја кој не ја плати доспеаната рата кон ММФ, наредувајќи се покрај земјите како Зимбабве и Куба.
Претходно во понеделникот Лагард не ја отфрли можноста за натамошна помош за Грција.
„ММФ ги прими на знаење резултатите од вчерашниот референдум во Грција. Внимателно ја следиме ситуацијата и подготвени сме да ѝ помогнеме на Грција, доколку тоа се бара од нас“, беше наведено во писмената изјава на Лагард.
OhridNews
извор:„Макфакс“