Македонија во првата година ќе може да повлече 396,4 милиони евра, а остатокот ќе може да го искористи во втората година.
Македонија е првата членка на ММФ, на која и е одобрен овој нов инструмент наменет за земји со здрави политики, а кои немаат потреба од финансирање, но се соочуваат со ризици што би можеле да доведат до таква потреба.
„Економски политики кои што ги води Македонија придонесоа за солиден макроекономски перформанс. Нискиот јавен долг, ниската инфлација и стабилниот банкарски систем придонесоа за ублажување на влијанието на глобалната криза врз македонската економија“, изјави заменик извршниот директор ММФ, Најоки Шинохара.
извор: Makfaks