На стартот совладан Бразил 33-25 , а потоа торпедирана Австралија со неверојатни плус 35.
Селекторот Млинариќ, верува во потенцијалот на своите девојки но вели дека ништо не е сигрно кога се работи за јуниорските категории.
– Имаме солидна екипа, тоа е несомнено. Она што ме загрижува е како девојките ќе одговората н пеколната атмосфера во салата. Ако успееме да ја минеме таа психолошка бариера, ќе успееме – ни рече Селекторот на Хрватска, Млинариќ. Доста важен натпревар за нас е овај со Македонија, бидејќи очекувам Македонија да помине во втората фаза, каде би се пренесле бодовите од првата фаза.
Откако обезбедија пласман во “главната“ фаза за хрватите следат натпреварите за докажување на квалитетот. По мечот вечерва со Македонија, во сабота ќе го играат дербито на групата со Кореа.