Шлаг на врвот на тортата се денешните натпревари на СП во ракомет за јуниорки во Охрид.
Директна пресметка за прво место во групата и лесен пробив до полуфиналето е влогот во мечот Хрватска – Кореа.
Селекторот на коцкестите Млинариќ знае што го чека но тврди дека има рецепт за Кореанките.
– Репрезентацијата на Кореа слично како и бразилската селекција има различен пристап во играта од онаа на која ние не сме навикнале.Тие се ниски, брзи и за да се добијат ќе треба многу трчање многу движење во нападот. Мислам дека имам рецепт и за нив и мислам дека ќе успееме да ги решиме. Мошне значаен натпревар ќе биде за двете селекции бидејки победа би не одвела во борба за полуфинале.
Натпреварот е Хрватска – Кореа започнува во 19 часот.