Ричард Ревел, фармер од Нов Зеланд, успеал по шест години труд да добие млеко со вкус на кока кола. Го нарекол Мо2. Идејата му дошла бидејќи забележал како неговата ќерка повеќе сака кока кола отолку млеко, па сакал својот производ што повеќе да го доближи до децата.
За жал, од компанијата Кока Кола му забраниле да го продава пијалокот, бидејќи и самите минатата година претставиле сличен производ. Произвеле газирано млеко со вкус на кока кола и неколку видови овошје.