Според вообичаеното верување, способност да прозиведуваат млеко и да ги хранат своите потомци претставува една од особините со која цицачите се разликуваат од другите животни. најновите истражувања покажале дека лактација постои и кај птиците. Некои птици, како што се гулабите, фламингосите и царските пингвини, и тоа и мажјаците и женките, исто така можат да произведат млеко со кое ги хранат своите мали по излегнувањето, со што обезбедуваат хранливи материи и го јачаат нивниот имунитет, што значи дека оваа необична супстанција има слична улога како и млекото на цицачите.


Антиоксидантите и имунопротеините кои се присутни во птичјото млеко директно ја јачаат отпорноста на потомците, но научниците сметаат дека истовремено го штитат и ткивото на нивните родители, кое е изложено на додатни напори додека ги прехрануваат своите млади. Со други зборови, во прашање е интересен пример на еволутивниот развој на системот на лактација кај цицачите, односно млекото кај птиците има слична функција, но се произведува на поинаков начин.