Британецот Пип Андерсон од Таунтон се фотографирал со својата сопруга за време на венчавката. Наеднаш се возбудил толку многу, што скокнал и направил салто наназад. Неговата сопруга го погледнала и само се насмевнала.


Тој неколку години тренирал “Parkour”, дисциплина која вклучува акробации за време на трчањето преку градски препреки како што се клупи, цвеќа, ѕидови и слично. Изјавил дека се чувствувал како да е на небо. Брачниот пар се запознал кога имале само девет години на училиште.