Една венчавка во Индија се завршила на неочекуван начин. Бидејќи младоженецот многу доцнел, нестрпливата невеста се омажила за друг. Венчавката на Џамил и Нагма требало да се одржи во саботата во 10 часот и 30 минути во државата Утар Прадеш. Но, долгото чекање на младоженецот, кој доцнел повеќе од седум и пол часа, ја натерало изнервираната невеста да го промени планот и да му најде замена на момчето.
Кога Џамил конечно пристигнал на својата венчавка, неговата вереница и нејзиното семејство не ја криеле лутината. Дури и полицијата морала да интервенира за да ги раздели раскараните сватови. Сепак, за Нагма не било се изгубено, бидејќи цврсто била решена да се омажи. Таа го кажала судбоносното „да“ на друг младоженец кој и го избрале родителите во целиот тој метеж.