Еден пијан 22-годишен младоженец се расправал со својата идна сопруга на паркингот од хотелот после последната забава пред бракот. Се фрлил од една провалија на плажата висока 20 метри и паднал на оградата.


Спасителите два часа се обидувале да се спуштат и да го прицврстата на носилка. Со хеликоптер го пренеле во болницата во Бурнемаут, Англија. Тешко ги повредил главата, вратот, грбот и ногата. Лекарите рекле дека пациентот е стабилен и дека не сака да разговара за инцидентот.