Еден јапонец подметнал пожар во хотелот во кој требало да се венча тој викенд, и тоа за да ги избегне брачните обврски.
Јапонецот со својата девојка се припремале за свадбата и покрај фактот што тој веќе бил оженет.
„Мислев дека нема да морам да се венчам ако подметнам пожар“, и рекол на полицијата.
Гостите ги евакуирале од хотелот и никој не е повреден во неделното утро во хотелот.
Го уапсиле кога после пожарот веднаш ја откажал венчавката на која биле повикани 80 гости.