Шерон и Нил Вон од Велика Британија се венчале облечени во костими на своите омилени супер херои. На идеја својата венчавка да ја памтат не само по тоа што се заколнале на вечна љубов, туку и поради тоа што ќе бидат облечени во необични костими дошле поради фактот што и двајцата сакаат необични работи.


Дека венчавката била необична е вистина, бидејќи присуствувале и нивните најдобри пријатели, кои исто така биле облечени во костими на разни супер херои, како што се Супермен, Хулк, Ајронмен, како и озлогласениот Џокер.