Еден норвешки пар ја откажал свадбата откако младоженецот брутално го претепал својот кум откако го затекнал во кревет со невестата. Младоженецот буквално полудел кога дошол дома и во кревет со својата свршеница го пронашол својот кум и најдобар пријател. Го фатил за јаката и го давел се додека не се онесвестил, а потоа го удирал по главата.

Кога дошол при свест кумот побегнал од зградата. Иако на челото заработил десет копци, одбил да го тужи младоженецот, бидејќи како што рекол, го добил она што го заслужувал. Но, и покрај неговото разбирање, полицијата го пријавила случајот до обвинителството и младоженецот бил обвинет за напад. Норвешкиот суд го осудил на 75 дена затвор, а на кумот му била изречена парична казна од околу 660 евра бидејќи не се појавил на суд како сведок.