Екипата на Младост од Царев Двор дебитанската сезона во Втората лига сака да ја круниса со пласман во елитата.
За таа цел управата на клубот доведе неколку нови фудбалери меѓу кои и охриѓанецот Антонио Крстаноски, кој порано беше дел од школата на Вардар.
Покрај охриѓанецот нови имиња кај „зелено белите“ се поранешните фудбалери на Пелистер, Димче Ристевски, Александар Петровски и Дејан Велевски, а листата засилувања за сега ја комплетира Стефан Магловски.
Првата полусезона фудбалерите на Младост ја завршија на четвртата позиција со еден бод помалку од второпласираниот Врапчиште и Гостивар.
Мх.П.