Најтрофејниот клуб во македонскиот фудбал, Вардар, в понеделник на 13-ти октомври во Охрид ќе одигра пријателска средба со второлигашот Младост од Царев Двор.

Двата состави паузата во првенствата поради настапите на македонската фудбалска репрезентација во клафикациите за ЕП 2016 година ќе ја искористат со одигрување контролен натпревар.

Мечот ќе се одигра на „Атина Бојаџи“, а влезот на трибините ќе биде бесплатен.

Мх.П.