Третолигашот Младост од Царев Двор претрпе пораз 3-1 од екипата на Борац од Чачак на контролниот натпревар кој го одиграа на „Атина Бојаџи“.
Српските фудбалери отпорот на „зелено белите“ го скршија во финишот од првиот дел кога поведоа со 1-0. Во вториот дел фудбалерите на Борац постигнаа уште два погодоци, а почеснио гол за Младост беше дело на Оливер Тараилиевски.
За тимот на Младост, кој се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига настапуват фудбалери кои порано ги бранеја боите на Охрид 2004 и Охрид Лоте и сериозно атакуваат на влез во Втората лига.
Мх.П.