Страницата thisislondon.com носи фотографија на британскиот премиер Тони Блер од времето кога бил студент на Оксфорд, на која јасно се гледа неговиот вулгарен гест. Наводно за време снимањето на фотографијата бил под дејство на алкохол. Оваа слика веќе неколку пати се појавила во весниците, но без вулгарниот гест кој мистериозно исчезнал, за да не биде осрамотено името на Блер.


Младост-лудост. Блер покажува „што мисли“.

На мнение сме дека нашите политичари правеле и прават поголеми глупости – па никому ништо.

С.К.