Без победник 1-1 заврши мечот во Охрид меѓу дебитантот во Втората лига, Младост од Царев Двор и Македонија Ѓорче Петров.
Двете екипи мора и треба да бидат задоволни од крајниот исход откако одиграа две различни полувремиња.
Првото им припадна на гостите кои од самиот почеток наметнаа свое темпо на кое немаа одговор „црвено белите“. Тоа им донесе водство во 16-та минута кога Томески со погодок ја круниса соло акцијата на на Демири.
Пред крајот на првиот дел домаќините се заканија и го најавија походот кон голот на „лавовите“. Опсадата им се исплатеше по еден час игра кога искусниот Елмазовски не погреши од белата точка.
До финишот на мечот фудбалерите на Младост притиснаа но не успеаја по втор пат да го пронајдат патот до мрежата и да тргнат со победа во Втората лига.
Мх.П.