Екипите на Младост и Брегалница одново ќе ги одмерат силите во Охрид, но овој пат тоа ќе биде во 16.коло од Првата македонска фудбалска лига.
Нивниот меч во средата во 1/4 финалето од Купот на Македонија заврши без победник 1-1, а сега ги очекува пресмет за бодовите.
Првенствениот натпревар се игра в недела во 13 часот на охридскиот стадион „Атина Бојаџи“.
Двојки (16.коло) : Металург – Х. Турново, Младост – Брегалница, Вардар – Ренова, Шкендија – Работнички, Шкупи – Силекс.
Табела : Вардар 36, Шкендија 33, Силекс 22, Работнички 21, Шкупи 20, Ренова 16, Х. Турново 16, Брегалница 13, Младост 13, Металург 11.
Ohridnews