На 01.08.2018 година околу 23 часот и 30 минути, во Општата болница во Охрид, пренесено било починато лице.

-Според насоки на Јавниот обвинител, преземени се мерки при што е утврдено дека се работи за малолетно лице од Охрид на 17 годишна возраст кое претходно се движелo по улицата „Марко Цепенков“ со уште неколку негови другари. Во еден момент момчето паднало на улица, а потоа е пренесено во Општата болница Охрид каде што е констатирана смрт. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

По наредба на Јавен обвинител, врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција.