“Европско државјанство” е темата на младинската размена на 50 студенти од 6. европски земји Летонија, Италија, Чешка, Македонија, Црна Гора и Албанија, која од 31. август до 10. септември се одржа во Охрид.

За овој период студентите имаа можност да ги разменат своите ставови и искуства на тема активно државјанство , а како дел од програмата учесниците дискутираа и со локалната самоуправа на Општина Охрид. Тие беа примени од страна на градоначалникот г-дин Александар Петрески кој пред студентите ги искажа очекувањата дека наскоро градот ќе стане универзитетски центар во нашата земја со студенти од регионот и цела Европа.

На плоштадот во Охрид, на 8. септември, учесниците јавно го прикажаа севкупниот материјал во форма на мултимедијална презентација која опфаќаше изложба  на фотографии, плакати и пароли и интерактивни игри на тема младинска активност во кои беа вклучени граѓаните.

Домаќин е НВО “Млади за млади” од Скопје, во партнерство со италијанската организација “Тхе Бридге” (“Мост”) со поддршка на Европската Комисија.
 
Следната активност на НВО “Млади за млади” е посета на Берлин во месец ноември, по повод паѓањето на Берлинскиот ѕид каде што ќе се оформи мрежа на младински организации од 20 европски земји, како продолжение на проектот “Феникс слобода и либерализација”, во партнерство со НВО “ТераДел Фоко” од Торино, Италија.

ohridnews